Заострувањето на Законот за оружје во САД, по иницијатива на американскиот претседател Барак Обама, не помина во Сенатот каде има мнозинство на демократите.
За ограничување на носење на оружје гласаа 54 сенатори, а против беа 46, а потребни беа 60 гласа “за”.
Против законот беа четворица демократи, додека 4 гласа беа “за” и тоа од републиканците.
Законот предвидува построги контроли за купување оружје, што подразбира проверка за претходно осудување, за тешки психички заболувања, потоа ригорозен надзор над трговијата со оружје на интернет.
По гласањето, Обама изјави: „Ова беше прилично срамен ден за Вашингтон, но додаде дека се работи за само прва рунда, порачувајќи дека нема намера да се откаже од законот.
Тој упати обвинувања и до лобито за оружје во САД, но и до оние сенатори кои гласаа против заради страв од казнување на следните избори од гласачите кои се противат на ова заострување.
Обама во давањето на оваа изјава беше опкружен од роднини на загинатите во Њутаун, каде пред четири месеци момче уби 20 деца и шестмина возрасни. Тој на крајот на изјавата прегрна една од мајките на убиените деца која во моменти на неговото обраќање до јавноста таа плачеше.