Украинскиот претседател Петро Порошенко и американскиот претседател Барак Обама ги критикуваа условите на местото на несреќата на Малезија ерлајнс со лет 17, велејќи дека бунтовниците поддржани од Русија продолжуваат да ги попречуваат напорите за враќање на телата и да се испита што точно се случило.
Порошенко, говорејќи за Кристијана Аманпур за Си-Ен-Ен , бараше меѓународна солидарност против бунтовниците кои се борат против владата во Киев.
“Јас не гледам никакви разлики” помеѓу 9/11, Локерби бомбардирањето и нападот на летот 17, рече Порошенко.
Ваквиот тероризам е опасност за “целиот свет” и “глобалната безбедност”, рече тој.
Американскиот претседател Обама говорејќи во исто време во Вашингтон пак, ја предупреди Русија- “Ако Русија продолжи да ги поддржува сепаратистите во Украина, цената на таа поддршка на Русија ќе се зголеми”.
Обама ја повика Русија да ги заузда бунтовничките борци за кои се верува од страна на многу меѓународни лидери дека се одговорни за соборувањето на патничкиот авион при што загинаа сите 298 патници.
Тој додаде дека Русија досега не успеа да ги запре бунтовниците од попречување на иследниците на местото и ги обвини за лошо третирање на загинатите како и остатоците од авионот, но и за отстранување на докази од местото.
“Што точно тие се обидуваат да скријат?” , рече тој.