Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обезбедени средства за реализација на автопатската делница Букојчани – Кичево од Коридорот 8

0
By Ivana on December 21, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8. Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, денеска го потпишаа договорот за гаранција на Република Северна Македонија наменет за финансирање на патниот дел од Коридорот 8 (прва фаза) со што се обезбедуваат 110 милиони евра за изградба на делницата Букојчани – Кичево.

Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително беше потпишан и договор за заем од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.

Министерството информира дека вкупната инвестициска вредност на делницата Букојчани – Кичево изнесува околу 130 милиони евра, при што 110 милиони евра се заем од ЕБОР, а останатите 20 милиони евра се обезбедени од инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ како инвестициски грант.

– Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструтура од Коридорот 8, во РС Македонија ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор значаен за подобра поврзаност на РС Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст, истакна Бесими на потпишувањето на договорот.

Анди Аранитаси, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Северна Македонија, рече дека ЕБОР има клучна улога во поддршката на македонскиот патен сектор од 2001 година.

– Банката ја финансира изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и паневропските патишта, притоа организирајќи дијалог за водење политики со цел зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција повторно ја потврдуваме нашата заложба за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата во корист на нејзините граѓани и деловната активност. Проектот ќе придонесе кон зголемено учество на приватниот сектор во работењето и одржувањето преку објавување тендер за договор за изградба и одржување, вклучувајќи го и справувањето со ризици од климатски промени во текот на фазите на изградба, управување и одржување на проектот. рече шефот на Канцеларијата на ЕБОР.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека со изградбата на автопатската делница значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување, a ќе се зголемат и можностите за социоекономскиот развој.

– Делницата на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои, има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно-динамички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки, потенцира Рустеми.

Дополнително, посочува Министерството во соопштението, за обезбедување финансиската рамка за патната инфраструктура од Коридорот 8, со Буџетот за 2022 година се обезбедуваат околу шест милијарди денари за изградба на делниците Ќафасан – Струга – Требениште и Тетово – Гостивар – Букојчани од Коридорот 8, како и за автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10.

– Склучувањето на договорите за проектот Патен коридор 8 – прва фаза на проектот, делница Букојчани – Кичево, е дел од соработката на Република Северна Македонија со Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, којашто години наназад дава значајна поддршка на земјата во процесот на членство на земјата во Европската Унија преку доделување заеми под поволни услови, грантови и техничка помош за подготовка и реализација на значајни инфраструктурни проекти. Реализацијата на овој проект е еден од приоритетите на Владата во рамки на клучната област „Одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија“, соопшти Министерството за финансии

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.