Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен прирачник за предавање контроверзни теми во училница

0
By Ivana on October 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението LEAD објави прв прирачник за предавање контроверзни теми во училница, наменет за наставници. Според LEAD, предавањето и дискусијата на контроверзните теми се уште е предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја и  наведува дека 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието.

Прирачникот „Предавање на контроверзни прашања преку едукација за демократско граѓанско и човекови права“ е оригинално издаден од Советот на Европа и преведен на повеќе од 15 јазици во Европа. Прирачникот е преведен и бесплатно достапен онлајн на македонски јазик и на албански јазик на веб-страницата на LEAD.

Прирачникот е наменет за професионален развој на наставници и е дизајниран за поддршка и унапредување на предавањето на контроверзни прашања во училиштата. Тој содржи конкретни алатки и техники за предавање и опфаќање различни теми во училница, како што се религија, родови улоги, еднородителски семејства, сексуална определба, екстремизам итн.

Ваквиот пристап на предавање, според LEAD, придонесува за подобрување на знаењата на учениците и за вклучување во дијалог на ученици со различни ставови и вредности, што е од клучно значење за демократскиот процес и неопходно за заштита и зајакнување на демократијата и за негување на човековите права.

– Контроверзните теми, кои ги дефинираме како теми за кои постојат спротивставени мислења во општеството и будат силни чувства кај луѓето, е значајно да се дискутираат во рамки на образовниот процес за да се поттикне дијалог за нив и да се развие свест за важноста од дискутирање кај младите, уште од најмала возраст. Избегнувањето на дискусиите на овие теми и недостигот на конструктивен дијалог  води кон поделба на општеството и зголемување на меѓусебната нетрпеливост, истакнува Илија Станковски, програмски директор на Здружение LEAD.

Прирачникот е изработен во рамки на проектот „Наставници за едукација, демократија и човекови права“ имплементиран од Здружението LEAD, заеднички финансиран од Европската Унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Демократска и инклузивна училишна култура во функција“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.