Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена Стратегијата за конфискација на имот – криминалот нема да се исплати, порачаа властите

0
By НОВА ТВ on July 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Конфискацијата на имот постои како мерка, но при криминалистички истраги досега не беше ефикасна“, истакна вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, при презентација на Националната стратегија за зајканување на капацитите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Тој најави дека со новата стратегија ќе се зголеми ефикасноста и на кривичните процеси, а покрај секоја отворена кривична истрага паралелно ќе се спроведува и финансиска истрага.

-Слабата примена на конфискација на имот е поради отсуство на електронска поврзаност на ОЈО и другите институциите, како и немање човечки капацитети. Заложбите за борба против криминалот наметнува потреба за зајакнување на капацитетите и следење на финансиските средства и нелегално стекнат имот. Проактивноста на институциите ќе придонесат и за водење финансиска истрага паралелно со криминалистичката. Очекуваме да се намалат ризиците за препродажба или прикривање на налегално стекнатите имот и средства, кажа Николовски.

Тој додаде дека од големо значење е и електронското поврзување на институциите, преку нивна дигитализација и навремена размена на информации, односно преку програмата за интероперабилност.

-Се зајакнуваат и капацитетите на Основните јавни обвинителства низ државата, заедно со истражните центри. Министерството за правда заедно со ОЈО достави анализа за кадровската и техничка потреба на обвинителствата, што ќе придонесе за ефикасно водење на истрагите и успешно конфискување на нелегалниот имот, рече Николовски.

Вицепремиерот откри дека до крајот на август ќе биде познат и текстот на предлог закон за потекло на имот, со кој ќе се контролира капиталот, ефикасна ќе биде конфискацијата и ќе се спречи богатењето на грбот на граѓаните.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека со имплементацијата на стратегијата ќе се зајакне борбата против криминалот и корупцијата, со водење на координирани финансиски истраги. Министерот додаде дека е потребен системски приод за зајканување на капацитетите на институциите.

-Целосно сме посветени на градење систем кој ја пренесува пораката дека криминалот не е исплатлив. Успешноста на овој процес ќе влијае на зголемена доверба на граѓаните во државните институции. Формирањето на посебната специјализирана единица во МВР за водење финансиска истрага во 2020 испорача резултати. Сега е важно финансиските истраги да течат паралелно со криминалистичките. Најголем дел од финансиските истраги се поврзани со трговија на дрога, криумчарење мигранти, но и дејствија на тероризам и злоупотреба на службена положба, изјави Спасовски.

Тој кажа дека треба да се следи текот на парите и имотот, преку развивање на меѓуинституционален пристап и конкретни мерки за истовремено јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Спасовски најави дека ќе се формира заеднички меѓуагенциски тим за водење финансиски истраги под надлежност на Основното јавно обвинителство.

-Ќе направиме измени во Законот за внатрешни работи, со кој процентот од конфискуваниот имот ќе биде вратен во буџетот на МВР, а парите ќе бидат инвестирани во капацитети за оние што ги водат финансиските истраги во Министерството, заклучи Спасовски.

И републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески истакна дека стратегијата е од особена важност, не само за надлежните институции, туку и за ОЈО кое е надлежно да ги гони сторителите на кривични дела.

-Никој нема да може да ја задржи незаконски прибавената корист. Од посебно значење е функционирањето на екипирани и дигитализирани истражни центри, но и истражители кои се експерти во своите области, за што ќе соработуваме со Академијата за судии и јавни обвинители, нагласи Јовески.

Обвинителот додаде дека истражувањето на криминалот ќе биде сеопфатно и ќе се гледа со каков се имот располага осомничениот и дали евентуално се пренесува кај роднините и блиските лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.