Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБНОВЕНО: Хан во Скопје доаѓа со предлог европратеници да ја решаваат кризата

0
By Светлана Јовановска on February 16, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за проширување Јоханес Хан утре во Скопје на одвоени средби со премиерот Груевски и лидерот на СДСМ ќе разговара за неговата идеја во решавање на актуелната политичка криза да се влучат европратеници од двете најголеми политички групации во Европскиот парлемент, Европската народна партија и Европските социјал-демократи.

Оваа идеја на Хан е инспирирана од успехот кој делегација на ЕП го постигнала во посредување на надминувањето на разликите меѓу власта и опозицијата во Албанија каде што беше целосно прекинат политичкиот дијалог меѓу најважните полтички субјекти. Хан за оваа идеја веќе разговарал со европратеници од кои добил уверување дека кај нив постои расположение за реализација на оваа идеја.

-Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебата таму да водат. Но, затоа побарав од политичките парии во Европскиот парламент (ЕП) сличен напор како оној што успешно го направивме во Албанија каде што европските претставници, Кукан и Флекенштајн, успеаа да дојдат до договор кој водеше до враќање на опозицијата во парламентот и тоа е добар пример. И бидејќи се работи за парламент, логично е тоа да го направи ЕП а не Европската комисија. Тие се спремни тоа да го направат и се надевам ќе бидат успешни, изјави денес Хан пред заминувањето за Скопје.

Хан ја пренесе пораката која во вторник ќе им биде соопштена на политичарите во Македонија:

– Нашата препорака е кристално јасна. Овие области треба да се остават на луѓето кои за нив се одговорни. Како на пример судскиот систем. Не е задача на политичарите да судат. Тоа е задача на судството. Се обидуваме да бидеме проактивни и да видиме што треба да направат одговорните власти. Тие треба да ги почитуваат принципите на правната држава, додаде комесарот.

Хан добил совет да не оди во Македонија во оваа ситуација:

– Решив да одам иако некои ми велеа да не одам сега. Но ја донесов спротивната одлука и решив да одам. Важно е да разговарам со лидерите таму за да ја видам ситуацијата

Хан не сакаше да го коментира скандалот во Македонија но додаде дека според него “се што води до транспарентност и повеќе транспарентност може да креира решение”.

Комесарот ја спомена работата на Венецијанската комисија која направи извештај за уставните промени кои беа неодамна изгласани:

– Тој извештај не бил почитуван или барем не доволно почитуван. Ние имаме но многу докази дека сите овие иницијативи во текот на долги години креираа клима која води до промена на ситуцијата во земјата и се надеваме тоа ќе биде скоро. Затоа, во земји во трансформација, поддржуваме невладини организации кои се важен дел кога се работи за развој на оштествата во добра насока. Ми се чини дека не треба само една мерка која води до саканиот резултат, туку повеќе мерки. Ова е еден вид слагалица. Треба да бидеме строги, амбициозни, но не и наивни и да имаме трпение. Важно е да не се заборави финалната цел која мора да ни остане пред очи, ја заврши Хан својата порака до Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.