НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обраќања на ностелите на ИЕ на СДСМ, синоќа во Скопје

0
By Нова ТВ on April 7, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бараме мандат за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат: патот на подобриот живот, патот на слободата и демократијата, рече синоќа во своето обраќање Рената Дескоска, носител на Изборна единица 1.

– Бараме мандат за на оваа земја и на нашите граѓани да им го вратиме достоинството, среќата и загубениот спокој! Вечерва сме овде за да Ви понудиме иднина, да Ви понудиме нов почеток, да Ви понудиме промени.

– Во оваа кампања нема да се занимаваме со нашите противници. Нема да се занимаваме со она што досегашната Влада го направи. Сите наши граѓани знаат за корупцијата, милионските тендери со кои се одлеваа народни пари, сите наши граѓани знаат за сопствената тешка материјална положба…

– Нема потреба да ги потсетуваме на кое дереџе не доведе оваа влада. Затоа, во оваа кампања ќе зборуваме за иднината, за новиот концепт кој го нудиме, за промените кои ќе следат. Нашата нова програма предвидува враќање на парите кај граѓаните од досега невидениот грабеж што го направи актуелната власт во 8-годишното владеење.
Нашата програма предвидува транспарентна, одговорна власт. На таа одговорност особено ќе инсистираме кога е во прашање трошењето на народните пари. Нашата визија е остварлива, рече меѓудругото Дескоска.


„Ова е победничката листа на Шилегов во изборната единица 2! Промените започнаа. Изборната единица два е Македонија во мало. Овде нема Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи… Овде има луѓе, индивидуи и семејства коишто заслужуваат шанса за нормален, достоинствен живот, истакна во своето обраќање носителот на листат во ИЕ 2, Петре Шилегов.

– Почитувани граѓани, тие велат дека државата е пред се и да направиме разлика, да препознаеме! Е па еве, ќе ја направиме разликата и ќе препознаеме. Препознаваме дека, Граѓанинот е пред се, бидејќи нема среќна Македонија без среќни граѓани. Нема просперитетна Македонија без просперитетни граѓани. Нема достоинствена Македонија без достоинствени граѓани. Нема горда Македонија без горди граѓани.

– Нашиот народ заслужува промени, промени за нов почеток. Народот мора да биде и ќе биде пред се, затоа што државата без народ не ја бидува. Токму затоа, јас планирам да бидам тоа што сум – адвокат, овојпат не во судница туку во Парламентот, каде што од 28-ми април во Законодавниот дом ќе ги застапувам и бранам интересите на сите граѓани, а не само на граѓаните од изборната единица два, истакна Шилегов.


Од вечерва Република Македонија започнува да испишува нова страница во својот демократски развој. Од вечерва во Република Македонија започнуваат промените за нов почеток, го започна своето обраќање пред граѓаните во Скопје Маријанчи Николов, носител на Изборна единица 3 .

– Единствена политичка сила којашто може да донесе промени и нов почеток е Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија. Во изборната единица број три имаме квалитетни луѓе кои политички можеби не биле јавно експонирани, но носат во себе нова енергија и голем потенцијал да придонесат во решавањето на проблемите на граѓаните.
Сите тие се луѓе кои уживаат висок општествен авторитет и углед во средините од каде што доаѓаат.

– Тоа се луѓе кои пред се се чесни и одговорни и кои и досега успешно ги граделе своите професионални кариери. Луѓе кои имаат и сила и капацитет исто така достоинствено и одговорно да ја извршуваат и пратеничката функција и да бидат глас на народот, рече Николов.


„Тука сме оти сакаме, а не оти мораме. Подготвени сме да ја водиме државата. Чесно и одговорно. Како што треба и како што доликува. Домаќински, а не како оваа власт расипнички“, истакна Хари Локвенец, носител на Изборна единица 3.

– Сакаме Македонија да биде подобро место за живеење. Младите тука да се развиваат. Тука да имаат шанси и можности. Егзодусот на младите, не треба, туку мора да престане. Доста е од осамени и разболени родители додека нивните синови и ќерки работат по белиот свет. Нема родител кој не си го сака своето чедо. Затоа се бориме за подобра иднина. За нашите деца. Без младина, нема иднина.

– Сакаме трудот да се цени во Македонија. Работниците и земјоделците да бидат почитувани. Да бидат горди. Достоинствени. Оти со својата работа, со својата пот, заслужиле да имаат пристоен живот. Земјоделците имаат огромен придонес за Македонија.
Тие со основните благодети со кои Бог ја дарувал Македонија: земја, вода и сонце, од ништо прават нешто. Само со нивниот труд ја произведуваат храната што ја јадиме и ја крепат економијата. Тој труд мора да се цени, да се почитува и да се вреднува, рече Локвенец.


„Македонија е зрела за промени. Имаме историска шанса да свртиме нова страница со нов почеток, почеток на една нова слободна и економски поразвиена земја, земја на луѓе кои самите ќе создаваат нова вредност за идните поколенија“, се обрати во Скопје на граѓанскиот собир Стојко Пауновски, носител на Изборна единица 6.

– Јас знам дека за овие осум години сите вие добро го разбравте и научивте принципот на работа и дејствување на ВМРО-ДПМНЕ како сплет од закани, пресии, тортури. Зарем не ни е доволно да ги слушаме нивните лаги, манипулации, говорите извадени од контекст, со цел да ја замајуваат јавноста.

Време е за промени, промени за нов почеток! Mора да има промени. СДСМ нуди промени!Затоа, ајде сите заедно да му ставиме крај на ваквото деструктивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Да им покажеме на Груески и на фамилијата каде им е местото, истакна Пуновски.


Осум години младите најсилно ги чувствуваат негативните последици од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Што остана од преродбеничкото владеење? Хорор-услови по студентските домови, рече Стефан Богоев, Претседател на СДММ и кандидат за пратеник.

– 58% младинска невработеност, рекорд над рекордите и во Европа и во светот. 75% од младите кои се изјаснуваат дека ја гледаат својата иднина во некоја друга држава. Конечниот резултат на сето ова се преку 230 илјади млади луѓе кои ја напуштија државата во изминативе 8 години. Е па доста беше!, рече Богоев.


Се викам Живка Гавровска, живеам во Босилово на 7 км. од Струмица. Доаѓам од изборна единица 4. Имам 26 години и магистер сум по педагошки науки. Ја претставувам генерацијата млади луѓе кои сонуваат со отворени очи и не носат розови очила. Растев и јас со девизата – ја знаете сите… кога родителите ве советуваат… ,,учи дете, читај книги, биди чесна, почитувај ги наставниците и возрасните- тоа е рецепт за успех“, се претстави Живка Гавроска, жена кандидат за пратеник.

– Цврсто стоев на земја, ги следев советите и успевав живееќи го мојот сон да станам академски граѓанин. Но, полека сонот почна да ми се распрскува како меур од сапуница. Дипломата не ми донесе работа. Дипломата со која се гордеев, моите книги требаше да ги заменам со партиска книшка, со работа по нивите или со билет во еден правец?

Има ли млад човек кој не се нашол пред ваква одлука, не по своја вина? Велат, кога ќе влезеш во погрешен воз, сите станици се погрешни! Возот наречен Република Македонија веќе осум години ВМРО-ДПМНЕ го влече во погрешен правец. Вози 24/7 кон бездна, рече Гавроска.


„Пред нас е нов предизвик, пред нас се претседателските и парламентарните избори. Се наоѓаме на прагот на политичка битка, за којашто знам дека сите ние сакаме, знаеме, можеме, но и мораме да ја добиеме“, истакна во своето обраќање Васко Ковачески, носител на Изборна единица 5 . 

– Вечерва сме овде собрани со една цел, да и покажеме и докажеме на актуелната власта во заминување, предводена од премиерот во заминување, дека на народот му е доста од нив, затоа што народот сака подобар и подостоинствен живот, живот во благосостојба.
Вечерва Скопје сјае, а цела Македонија со нетрпение го очекува денот кога со државата наместо послушник, ќе управува вистински претседател – Стево Пендаровски!
И конечно, доаѓа моментот кога новата Влада наместо човек пусти-куќа ќе ја води човек домаќин. Идната Влада ќе ја предводи Зоран Заев!, истакна Ковачевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.