Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР: МТВ1 небалансирана, телевизиите пристрасни кон Иванов

0
By Сашка Цветковска on April 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХРод изборниот мониторинг за претседателските избори 2014 констатира дека иако изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера, сепак, нотирани се голем неправилности, особено во делот на известувањето на медиумите и на проблемот на нераздвојувањето на партијата од државата.

“И покрај големиот број на медиуми, многу соговорници нотираа индиректна контрола на Владејачката партија врз медиумите поради нивната доминација на рекламниот пазар. Дополнително, недостатокот на политички анализи и независно истражување беше широко распространета појава. Од страна на засегнатите страни беше забележан феноменот на самоцензура. Мониторингот врз медиумите кој го спроведе ОБСЕ/ОДИХР покажа јасна пристрасност во известувањето во корист на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ и кандидатот Иванов, Неуспехот на на јавниот сервис да обезбеди балансирано и рамноправно покривање е спротивно на параграф7.8 од документот од Копенхагег на ОБСЕ од 1990 година”, се вели во извештајот.

Телевизиите Сител, Канал5 и Алфа биле пристрасни во известувањето за Иванов. Ако тонот кон него бил воглавно позитивен, тонот кон Пенаровски бил воглавно негативен. Мониторингот врз медиумите забележал симптоматична содржина која била иста на сите три телевизии и која се повикивала на неидентификувани или анонимни извори. Телевизиите Алсат-М, Телма и 24 вести, според ОБСЕ, понудиле далеку побалансирано известување и доминантно неутрално претставување на Иванов и Пендаровски.

Во извештајот се забележува дека немало доволно политичко конфронтирање помеѓу кандидатите, додека за дебатата на МТВ1 се нотира дека „по дебата била организирана дискусија која воглавно била насочена кон грешките на Пендаровски“.

Иванов со најмногу реклами на телевизиите

Според мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР, соодносот помеѓу кандидатите во политичкото рекламирање е следен:

–23 часа платена политичка пропаганда за Ѓорѓе Иванов
–7 часа платена политичка пропаганда за Зоран Поповски
–3 часа платена политичка пропаганда Стево Пендаровски

Притисоци врз гласачи и злоупотреба на државни ресурси

„Забележливо, кампањата на господинот Иванов беше силно поддржана од премиерот и другите министри кои исто така се кандидати за пратеници за парламентарните избори. Јасната поддршка на владата за кандидатот за време на кампањата не претставуваше во целост почитување на одвојувањето на партијата од државата, како што се бара со копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990, параграф 5.4. Сите кандидати, со исклучок на господинот Пендаровски беа придружуван за време на кампањата од лидерите на партии“, забележува ОБСЕ/ОДИХР.

Извештајот го нотира и проблемот со гласачите од Пустец, како и притисокот врз администрацијата од страна на владејачката партија.

„Дополнително, обвинувања за застрашување на кандидатите и злоупотреба на државните ресурси постоеја за време на кампањата. Долгогодишните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР примија кредибилни обвинувања за притисок, особено врз администрацијата, кои вклучуваа: притисок за присуство на митинзи, понекогаш дури и во текот на работното време; притисок да се се присуствува на собирите на опонентите; ветувања или закани во однос на вработување во администрацијата; стимулации за гласање како социјални бенефиции; и партиски активисти копи бараат од јавните и државни службеници да обезбедат листа со идентификувани гласачи кои треба да гласаат за партијата на власт“, се вели во извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.