Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинението за „Тортура“ се темели на голи претпоставки, смета одбраната на Сашо Мијалков

0
By НОВА ТВ on May 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку Сашо Мијалков остварил било каков контакт со обвинетите, таквиот контакт би бил евидентиран во телефонските оператори и врз основа на испис од телефонскиот контакт лесно и недвосмислено ќе се утврдело дека таквиот контакт бил реализиран. Свесен за овој факт, дека таков доказ нема бидејќи таков настан не се ни случил јавниот обвинител го темели своето обвинение на голи претпоставки, изјави денеска адвокатот Љупчо Шврговски во завршните зборови на одбраната во случајот „Тортура“ каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Адвокатот Шврговски дополни дека и за преостанатите обвинети отсуствува обликот на дискриминација поради поинаква политичка определба како суштествен елемент на ова кривично дело.

– Поттикнувањето мора да се однесува на одредено лице и одредено кривично дело, поттикнувачот мора да го знае лицето кое се наведува на извршување на кривичното дело. Поттикнувачот мора да биде свесен дека друго лице наведува за извршување на кривично дело, истиот мора да биде свесен и за самото дело на кое поттикнува друго лице, вели адвокатот.

Во овој кривично правен акт во кој е обвинет Сашо Мијалков, како што кажа Шврговски, застапникот на обвинението не само што не презентираше докази, туку нема наведено ниту една индиција дека Сашо Мијалков ги поттикнал преостанатите на извршување на кривичното дело кое им се става на терет.

– До ваквиот заклучок одбраната доаѓа по извршената анализа на одбраните на обвинетите кои на прашање на судот дали помеѓу нив и Сашо Мијалков бил реализиран било каков телефонски или друг вид контакт пред и после настанот и дали лично го познавале Сашо Мијалков, децидно одговорија дека ниту лично го познавале ниту било кога имале остварено било каков вид на контакт со Сашо Мијалков, кажа тој.

Во обвинителниот акт се наведува дека Сашо Мијалков како службено лице, директор на УБК, поради дискриминација по основ на политичка определба ги навел обвинетите да ги преземат дејствијата на извршување што се наведени во диспозитивот на обвинението и воедно за таквото негово дејствие е обвинет дека сторил кривично дело Мачење и друго сурово, нечовечно и сурово постапување и казнување.

На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кој се товарат дека во 2011 година на нечовечки и понижувачки начин го приведеле Лубе Бошковски.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.