Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство за гонење организиран криминал: Некој му помогнал на Мијалков да избега

0
By Нова ТВ on February 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција смета дека постојат основи за сомнеж дека некој му помогнал на ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, да избега од причина што кога го поднеле предлогот за притвор, тој не бил во бегство, пишува 360 Степени.

„Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, Обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија“, велат од Обвинителството.

Во соопштението што го објавија од Обвинителството, споделуваат и детали околу тоа кога дошле првите информации дека Мијалков се подготвува да бега.

Тие велат кога завршила главната расправа за предметот „Таргет-Тврдина“, за која изрекувањето на пресудата е закажано за 26 февруари, немале никакви индиции дека тој подготвува бегство, но сепак го известиле МВР дека главната расправа е завршена.

„Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, Министерството за внатрешни работи ги сподели со Обвинителството на 20.02.2021 година (сабота) во 23:00 часот. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и МВР“, велат од Обвинителството.

Откако биле завршени административните процедури, околу 14:30 часот обвинителите се упатиле кон судот, а во 15:00 часот го поднеле предлогот на Мијалков да му се одреди притвор.

Откако судот одлучил, Обвинителството го примило решението во 18:45 часот.

Во меѓувреме, обвинителите од МВР постојано добивале информации дека го набљудуваат Мијалков, односно дека имаат визуелен контакт со него, што значи дека не е избеган.

„Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден“, велат од Обвинителството.

Во продолжение и хронологија на настаните:

18 јануари 2021 – Мијалков побара да одговара за друго дело
Кога даваше одбрана за масовното прислушување и за уништувањето на опремата од УБК, Мијалков ги отфрли сите теории дека е вмешан во незаконското следење, а ако имало пропусти во работата на Управата тогаш, рече, за него како директор би требало да има друга квалификација во обвинението – несовесно работење во службата.

16 февруари 2021 – Обвинителството побара максимални затворски казни
Обвинителката Ленче Ристоска, која го застапува обвинението, во своите завршни зборови не направи преквалификација за ниту еден обвинет, а Мијалков го посочи како еден од тројцата создавачи на групата која го вршела прислушувањето и затоа побара да му се изрече максимална затворска казна.

19 февруари 2021 – Мијалков не даде завршни зборови
Три дена подоцна, и одбраната го искористи своето право на завршни зборови, но ексшефот на УБК тогаш не зборуваше ништо, освен што кратко кажа дека останува на тоа што го кажале неговите адвокати

20 февруари 2021, 23 часот – први индиции за бегството
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги добило првите индиции дека се подготвува бегство.

21 февруари 2021, 12 часот – известување до судот и до МВР
Според информациите од обвинителството, во неделата наутро обвинителите го изготвиле предлогот за определување мерка притвор и во 12 часот ги известиле Основниот кривичен суд и МВР за да се обезбедат услови за прием на предлогот и во 14:30 се упатиле кон судот.

21 февруари 2021, 14 часот – Мијалков во „Дистрикт“
Вчера, околу 14 часот, Сашо Мијалков, според сознанијата на „360 степени“, бил во кафе барот „Дистрикт“ кај хотелот „Мериот“, каде што бил во друштво со ексградоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски.

21 февруари 2021, 15 часот – барање за притвор
Според официјалните информации објавени од судот, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во 15 часот доставило до Основниот кривичен суд барање за одредување мерка притвор поради сомневање за бегство. Таму одлучувал кривичен совет, кој наместо притвор одредил мерка куќен притвор со 24-часовен надзор и видео и електронски надзор.

21 февруари 2021, 18:30 часот – испраќање до МВР
По три и пол часа, откако обвинителството побарало, а судот одлучил, решението за куќен притвор било испратено до МВР.

21 февруари 2021, 21:20 часот – први информации за бегството
Откако полицијата не можела да го пронајде Мијалков, обвинителството во 21:20 часот добило информација дека не може да му се врачи решението, а во 21:47 им било потврдено дека обвинетиот не е пронајден.

22 февруари 2021, 12:54 – меѓународна потерница
Откако беше распишана национална потерница, Основниот кривичен суд во Скопје, неколку минути пред 13:00 часот, соопшти дека дал согласност по Мијалков да се распише и меѓународна потерница

извор:360степени.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.