Утрово е приведен Драги Рашковски, дознава Нова. Според нашите информации полицијата го спровела пред судија на претходна постапка во Основен суд Скопје 1, по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”. Рашковски и Станчески, се осомничени за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, вели нашиот извор.
Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје. Со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување.
Драги Рашковски беше поранешен генерален секретар во Владата, а до вчера беше секретар во премиерскиот кабинет од каде си поднесе оставка.