По предходно добиена дојава Скопското обвинителство побарало од Државната изборна комисија известување за неправилилностите кои беа утврдени при гласањето во Чаир.
Обвинителството е на потег дали ќе биде отворена истрага за случајот.
Според кривичниот законик за изборна измама доколку се докаже предвидена е минимална казна затвор од 5 години за членови на избирачки тела кои учествувале во измамата.
Вчера како што објави НОВА по барање на членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими со 6 гласа „за“ и еден „против“, беше разрешена Општинската изборна комисја во скопската опоштина Чаир и сите 13 избирачки одбори.
Со тоа се разреши 140 членови на избирачки тела во Чаир и десетте членови и заменици на Општинската изборна комисија.