Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ја проширува истрагата за гинекологот

1
By Менче Атанасова Точи on April 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ОЈО ја проширува истрагата за гинекологот и на други случаи, освен за пациентката која девет месеци ја манупилирал и лажел дека е бремена. Ова за НОВА го потврдија од Јавното обвинителство. Освен случајот за кој веќе се води истрага, ќе се испитуваат наводите на пациенти кои беа објавени во јавноста, како и за сите други докази до кои ќе дојде обвинителството. Од таму потврдија дека ги следат сите наводи и написи изнесени во јавноста и ќе се постапува по нив.

Освен што обвинителството само презема акција за проширување на истрагата , ова значи дека секој кој што смета дека му биле загрозени правата или бил оштетен од страна на гинекологот, има докази или може усно да посведочи, може да се обрати во обвинителството или во полициска станица.

Против гинекологот Никола Дамчевски веќе се води истрага за пациентка која девет месеци ја лажел дека е бремена,  при тоа за цело време и давал многу непотребни лекови и  агресивна хормонална терапија од што добивала симптоми како да е бремена, а добивала и силна терапија за коагулација на крвта. При секој преглед и покажувал ЕХО снимки од туѓо бебе и пуштал   да го слуша неговото срце, а всушност тоа бил нејзиниот пулс,  ги мерел  димензиите на рацете, нозете, дури кажал дека бебето е машко.

Веднаш по ова се јавија многу други сопружници и жени кои потврдија дека оваа жена не била единствената жртва. Листата на жени кои биле искористени и манипулирани е се поголема. Лажни бремености, агресивни терапии, сомнителни Ин витро процедури, финансиски малверзации, лажни операции, страв од тоа каде завршиле нечии јајце клетки или сперматозоиди.

Приказната која пред камерата на НОВА ја обелодени млада жена, може да ја прошири истрагата на тоа што с е случувало со материјалите од сопружниците и ембрионите кои биле замрзнувани, дали имало злоупотреба на јајце клетките. Оваа 36 годишна жена раскажа зачудувачки детали кои можат да ја прошират истрагата во друг, нов правец. Таа донирала јајце клетки за своја пријателка сака да знае дали има некаде потомство, што се случило со јајце клетките кои останале замрзнати.

„Процедурата ја работеше гинекологот Никола Дамчевски, заедно со медицинската сестра Лиле која беше со него во салата. Кога се разбудив, сестра Лиле ми кажа дека ми биле земени 17 јајце клетки, а по два дена соопшти дека биле оплодени шест. Од шесте ембриони три беа ставени кај мојата пријателка, а три останаа замрзнати. Сакам да знам што се случило со останатите 11 јајце клетки и трите замрзнати ембриони, каде се тие. За цело време се прашувам дали некаде имам потомство или пак се можеби фрлени, дадени на некоја друга жена и злоупотребени“, изјави пред камерата на НОВА оваа млада жена.

На црниот пазар или во земјите каде што е дозволено една јајце клетка чини околу 5 000 евра. Извори за НОВА велат дека не е тешко ова да се направи сериозна истрага, ако се влезе во архивата на болниците со кои раководел, без разлика што тие пропаднале и не постојат повеќе. Со тоа ќе се знае и дали гинекологот бил сам во сето ова што го кажуваат пациентите.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.