Очите на светот се вперени во оџакот на Систинската Капела, каде белиот чад ќе го означи доаѓањето на новиот Папа на католичкиот свет, кој брои 1,2 милијарди.
115-те кардинали се пред својот втор ден од разгледувањето и конечното гласање за избор на нов Папа, после вчерашниот неуспешен ден, кога црниот чад означи несогласување во изборот.
Она што е познато е дека нема јасен фаворит за да го наследи Папата Бенедикт XVI.
Кардиналите се затворени во Систинската Капела, се додека двотретинското мнозинство не се согласи за избор на Папа, способен да се соочи со товарот на серијал скандали но и да го надмине еден од најтешките периоди за Католичката црква.