Тони Поповски: Вештачката интелигенција (ВИ) влезе на масовниот пазар пред само три години, но до крајот на 2025 година околу 16% од светската популација во работоспособна возраст користела алатки за генеративна ВИ секој месец. Сепак, овој брз раст на прифаќањето не бил рамномерен.
Нови податоци, објавени на 8. јануари, покажуваат кои земји се напред и кои заостануваат. Америка и Кина го предводат светот во развојот на технологијата, но тие не се оние што ја усвојуваат најбрзо.
Мерењето на ширењето на ВИ не е едноставно. Еден метод, користен од истражувачите во Microsoft, е да се утврди уделот на луѓе кои користеле десктоп-уреди на Microsoft за пристап до алатки за ВИ — како ChatGPT, Claude, DeepSeek или Gemini — во даден месец.
Истражувачите ги комбинирале овие информации со други податоци, како што се пазарниот удел на Microsoft и употребата на мобилни телефони во една земја, за да ја проценат употребата на ВИ кај популацијата во работоспособна возраст во 147 економии. Нивните проценки се приближни — корисниците на уредите на Microsoft можеби не се репрезентативни за целата работна сила — но тие се корисен начин за споредба меѓу земјите (види мапа). Од европските држави само ние и Косово не сме опфатени со истражувањето.
Извор: Фејсбук



