После денешната најава дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во март, април, мај и јуни, се огласија и од кабинетот на претседателот Пендаровски.
„Претседателот Пендаровски ги донесе одлуките за прогласување на вонредна состојба во врска со пандемијата на КОВИД-19 во согласност со Уставот, врз основа на образложени предлози од Владата во кои беа наведени фактичките услови за нивното донесување, а Собранието беше распуштено, велат од кабинетот на Пендаровски.
Лидерска средба 18.05.2020
Од кабинетот додаваат и дека дополнително, се одржуваа и тематски седници на Советот за безбедност, а во два случаи и средби на претседателите на политичките партии коишто самостојно освоиле мандати на последните парламентарни избори, на коишто се изгради недвосмислен политички консензус за прогласување на вонредна состојба.
Седница на Советот за безбедност 15.05.2020
Во ставот се додава дека Уставниот суд ја потврди уставноста на одлуките што ги донесе претседателот Пендаровски. Потврдувањето на одлуките за постоење на вонредна состојба е во надлежност на Собранието на Република Северна Македонија, се вели во писмениот одговор за најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за потврдување на вонредните состојби.