Во 84-тата година од животот како последица од Корона вирусот, почина поранешниот министер за надворешни работи на САД и своевремено, началник на армијата на САД, Колин Пауел, соопшти неговото семејство.
Неговото семејство на Фејсбук соопшти дека Пауел почина како последица од ковид-19 иако бил целосно вакциниран.
„Загубивме извонреден и сакан сопруг, татко и дедо и голем Американец“, соопшти семејството.
Колин Пауел во американската државна историја ќе биде запаметен како прв афроамериканец -државен секретар на САД. На оваа функција Пауел беше во периодот 2001-2005 година, кога на чело на САД беше претседателот Џорџ Буш.
Роден е во Њујорк во 1937, во семејство на имигранти од Јамајка.