Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Самитот на Неврзаните во Белград испратена пораката за мир,заедништво и еднаквост

0
By Mirjana on October 12, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Белград со пленарна седница , покрај учество на бројни странски претставници, денеска втор ден продолжи Самитот со кој се одбележуваат шест децении од основањето на Движењето на неврзаните земји.Локалните медиуми известуваат дека учесниците упатиле пораки дека само со заедничка работа , соработка , можеме успешно да се соочиме со предизвиците и дека мора да се работи на воспоставување на еднаквост во светот.

Натаму се известува за бројните билатерални средби што се случиле за време на Самитот. Министерот Селаковиќ разговарал со заменикот министер за надворешни работи за економска дипломатија на Иран, Мади Сафари со кого било разговарано за поинтензивен политички дијалог и за јакнење на економската соработка во делот на земјоделието, енергетиката, градежништвото и туризмот.Србија ќе им овозможи студирање на студенти од Иран и Сомалија, било наведено во разговорите а дека со сомалискиот претставник била разгледувана можноста за економска соработка во областа на трговијата, земјоделието и ИТ-технологијата.

Српскиот претседател Вучиќ нагласи дека меѓународната соработка е единствен пат кон севкупна благосостојба и просперитет на целокупното човештво.

Светот денеска е поинаков од оној пред 6 децении , но дека и покрај растежите и падовите, Движењето на Неврзаните се покажало како успешна приказна.

На маргините , се одржаа бројни билатерални состаноци како Бизнис форумот.

Вечерва во Домот на Парламентот е организирана свечена вечера , додека синоќа гостите на престолнината можеа да  видат несекојдневен призор , имено на фасадата се прикажувало што се случува на собирот внатре во зградата на Парламентот.

На собирот учествуваат претставници на 111 земји , девет делегации на меѓународни организации а домаќини на собирот се Србија и Азербејџан.

На самите седници на собирот учествуваа 550 гости , а настанот го проследија над 300 новинари.

Ова е собир на слободарски земји кои имаат своја традиција, своја историја, и храбро одат напред кон иднината. Мир во светот , солидарност, борба против сиромаштијата, нееднаквоста и тероризмот-ова е содржано во дел од пораката упатена од Белград  што се заснова на основните постулати врз кои се заснова Движењето на Неврзаните.

Властите сметаат дека Самитот направил Србија овие денови да е центар на Светот од најмлаку три причини: Поради тоа што последната година се сведени на минимум сите мултилатерални собири, дека толку не апсорбирало делегации ни овогодинешното Генерално Собрание на ООН и дека , со тоа што дошле толку многу делегации не само што е израз на почит кон самото Движење на Неврзаните туку е израз на длабока почит кон Република  Србија.

 

 

 

 

 

 

Заврши Самит на Неврзани Белград
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.