Мери Јордановска: Верувам дека пораките што Росица ги испраќала за помош до министерот Панче Тошковски се легитимни. Сум имала бројни обиди кога сум се соочувала со закани, сум му пишувала во мое и во туѓо име – секогаш кога се работело за било каков напад врз жени, со цел малку да се развие свеста за ова прашање. Откако е дојден на функцијата Тошковски, никогаш не сум добила одговор, често ни seen, иако МВР ми бил сектор и како новинарка.
Свеста за напади врз жени, вербални или физички, како и што му пишувам во една од пораките, е сведена на НУЛА! И од тоа нема криење.
Факт е дека министер не може да одговори на сѐ и на сите, ама исто така е факт дека може да направи едно forward онаму каде што треба.
Извор: Фејсбук