Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат казни за користење мобилен телефон и слушалки кај пешаци, велосипедисти и возачи на тротинети.
Казната за премин на пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра, а возење тротинет или мотор со користење електронски уред ќе се казнува со 50 евра.
Пешаците се должни да се движат внимателно и да не користат уреди што го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека.