Откако минатиот петок беа собрани над 4.000 потписи за спас на Грдаскиот трговски центар од барокната фасада, од утре повторно продолжува потпишувањето на петицијата.
Грашаните своите потписи за подршка за зачувување на сегашниот изглед на ГТЦ ќе можат да ги ставаат на петицијата од утре наутро во 10 часот на зпадниот влез на трговскиот.
Архитекти, професори, студенти и граѓани во знак на подршка на оваа иницијатива во петокот со свои излагања пред илјадниците собрани граани имаа свои излагаше за неприфатливоста на ново предлог решение за бараокна фасада на ГТЦ.
Со паролите „Не го даваме градот, градот е наш!“ и „Го сакам ГТЦ!“, стотици луѓе формираа жив штит, симболично прегрнувајќи го главното обележје на модерно Скопје, за да го одбранат од барокот.
Меѓу демонстрантите ја пронајдовме Лидија Марковска, една од проектантите на ГТЦ, таа рече дека градбата на ГТЦ е таква што е невозможно да се подигаат столбови – тоа нема да го издржи конструкцијата, вели Марковска. Таа од стручен аспект објаснува зошто е невозможно ГТЦ да се претвори во сосема друга градба.