Од утре започнуват уписите во училиштата за средно образование. Учениците ќе можат да конкурираатз а 34 791 слободни места во државните средни училишта.
Од нив 22 694 ученички места се наменети за стручното образование, 11 597 во гимназиското, 408 во уметничкото образование и 272 места во спортската гимназија.
Од овие 24 029 слободни места се за учениците на македонски наставен јазик , 10 092 на албански јазик , 816 на турски како и 34 слободни места за учениците кои ќе ја следат наставата на српски јазик.