Во вторник државата ќе се задолжи повторно за нови 30,5 милиони евра на домашниот финансиски пазар.
Веќе наредниот ден , во среда, министерството за финансии треба да исплати исто толкава сума како резултат на стари задолжувања. Три дена подоцна, за враќање достасуваат уште 3,25 милиони евра.
Пред два дена, преку аукција на државни харитии од вредност, државата се задолжи за 13,4 милиони евра сума која е за 10 милиони евра повисока од планираната.
Откако дополнителниот заменик министер, Кире Наумов побара вето на ваквите задолжувања, судот треба да одлучува за ова.