Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ода на пркосот, или чудниот случај на Ленче Р. и Стојко П.

0
By Биљана Секуловска on April 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Погледнете ја оваа изјава на Заев, за Стојко Пауновски, директорот на Пазарниот инспекторат: “Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функционира”.

И, од тука се започнува, тука и се завршува. Од пркосот, а од што воопшто друго?

Заев заборавил изгледа како започнал светот, каде се не довел светот, да не бил и најмалиот пркос, воопшто, да не започнело она нешто- со пркос. За да никне најпрво воопшто нешто, за да започне нешто да заживее, да ги отвори очите, да почне да трепка, да расцутува и да се разгорува, да буи, да не обвиткува сите, да не зграпчи и да не доведе на вистинското место, во вистискиот свет.

Тој не знае дека без пркос, историјата на човештвото ќе пропаднела пред и да започнела. Без пркосот немаше да има ниту една војна, ниту најмалата револуција ќе започнеше, никогаш немаше да има протести, маршеви, слобода, немаше да се роди Мандела, немаше да знаеме за Вацлав Хавел, никогаш немаше да го запознаеме таткото на нашиот јазик, Блаже Конески, науката ќе потонеше пред и да се развие свеста за нејзината неопходност. Ќе талкавме сите во мрак, во рацете ќе ги држевме сопствените, отсечени глави, како предупредување на останатите- како тоа се завршува кога ќе се покаже и најмал пркос. Ќе одевме, без да знаеме каде се движиме, без да знаеме дека некаде постои светлина.

Без пркосот, Заев немаше да биде сега тоа што е, ниту ние, особено ние, зошто без нас, без граѓаните, без медиумите, ништо немаше да има од неговиот пркос. Без нашиот пркос, без нашиот глас на пркос, но и неговиот, нека не заборава, груевизмот ќе ја победеше Ленче Ристоска, како што сега ја победи- кога и соопштија дека е премлада да биде унапредена во јавна обвинителка во Вишото јавно обвинителство.

Без пркосот на Пауновски, кој одбива неквалификувани кадри да бидат распоредени во неговата институција, ќе им климавме на Љупчо Николовски и Артан Груби, кои и понатаму ќе држат говори за залудноста на пркосот, затоа што и онака тие Рамковни кадри веќе земале плата, иако не работеле ништо. Проблемот на пркосот не се Албанци, не се Македонци, проблемот се сите оние кои ништо не работат, а земаат плата,  фискултурни наставници, директори на градинки, како директорот на Театарот во Струмица. Такви ги имате стотици, илјадници, којзнае колку. Никој досега, директори, министри, функционери, не истапил да каже- доста е. Не се плашеа од Груевски, но се плашат од Заев. Такви не му се потребни на Заев, иако тој денес мисли дека само со такви сака, може и мора.

Тој мисли дека може и без Радмила Шеќеринска, која од него крена раце, кој од неа крена раце. Може и без Стојко Пауновски, може и без Ленче Ристоска. Може тој без сите нас, секако дека може, но како, како понатаму потоа, кога ќе го нема сиот тој пркос, подобро да не замислуваме.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.