Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележување „20 години БКМ во функција на бизнисот”: Постојано работиме посветено на подигнување на нашите капацитети

0
By Ivana on December 10, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изминативе 20 години постојано работевме на подигнување на нашите капацитети меѓутоа и на капацитетите на работодавачите и на целокупната економија. Сметаме дека тоа е една визија која ја негуваме со години наназад, дека мораме да ја спроведеме низ една системска мисија, а тоа е исклучиво работа, посветеност кон подобрување на економската состојба, подобрување на животниот стандард на луѓето и нормално човековите и работничките права, истакна Миле Бошков претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, на денешното одбележување „20 години БКМ во функција на бизнисот”.

Тој посочи дека во текот на изминатите години настојувале да одржат ниво на сериозен партнер.

– Низ сите овие години мораме да кажеме дека настојувавме да одржиме едно ниво како сериозен партнер, како моќна организација и нормално како отворени за соработка кон сите кои сакаат да бидат во една коалција за да напредуваме заедно во земјата, нагласи Бошков.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу најавите за зголемување на минималната плата и реакциите на бизнис заедницата околу тоа, рече дека оценките се поделени.

– Ние сме поделени во оценката колку бизнисот може да го одржи зголемувањето на минималната плата бидејќи во различни структури на економијата некои од коорпоративно управуваните компании можат да го издржат подигнувањето на минималната плата, односно исплаќаат повеќе од минималната плата, меѓутоа сметам дека микро, малите, занаетчиите и самостојните вршители на дејност кои исто така ги опфаќа законот за работни односи и законот за минимална плата, ќе мораат да најдат начин како да пливаат во исполнување законските обврски поврзани со минималната плата, посочи претседателот на Бизнис конфедерацијата.

Во однос на работничките права, тој нагласи дека синдикатите настојуваат во секој случај да ги подобрат работничките права.

– Ние ги поддржуваме во нивните настојувања и протестот како начин на изложување на своите заложби, на својата волја. Што се однесува до работничките права, морам да кажам дека во некои коорпоративно организирани компании се почитуваат и тоа е за пофалба. Има општествено одоговорни компании кои директно вложуваат исклучиво во односот кон вработените, меѓутоа има во општеството и компании кои навистина ги злоупотребуваат работничките права и Законот за работни односи, истакна Бошков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.