Одбележување на Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија (IDAHOT), со проекција на последниот филм на Горан Столевски – ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ.
Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ заКино Фросина да останат заедно.
Проекцијата на филмот ќе се оддржи на 14.05 (вторник), во Кино Фросина, во 20:00 часот, а е организирана во соработка на Коалицијата МАРГИНИ Скопје со Лист Продукција и МКЦ.
Влезот за проекцијата е слободен.
Проекцијата е во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“ поддржан од USAID North Macedonia, имплементиран од Коалиција МАРГИНИ, а во партнерство со ХЕРА, Хелсиншки комитет за човекови права и Здружение за едукативен развој Еквалис.