Во рамките на одбележувањето на 70 години од депортацијата на Евреите од Македонија, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија најавува неколкудневна програма која почнува утревечер, во Меморијалниот центар на холокаустот, со проекција на документарниот филм „Празни вагони“ на проф. Ед Гафни од САД, по што ќе следи разговор со авторот. Во сабота ќе биде прикажан македонскиот филм “Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски.
Во недела, на 10 март, во Меморијалниот центар ќе биде промовирана книгата „Плима и слом“ од Жени Лебл, а во 19, 30 часот ќе биде отворена изложбата „Нови сведоци на холокаустот 2“
На 12 март во МАНУ ќе се одржи свечена академија, промоција на книгата „Движењето на отпорот и Евреите од Македонија“ од Жамила-Анџела Колономос и научна трибина „70 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка “