Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одберете Обнова- боксовите се загарантирани

0
By Биљана Секуловска on July 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 4, 2020 11:37

Каква е таа наивност од Мила Царовска? Нејзиното тврдење само е одраз на надежта, но не и на фактичката состојба- дека бомбата за Игор Јанушев ги вознемирила сите жени во државата. Неговите закани кои се слушаат на аудио-снимка се онаа стара, добро позната приказна за оваа партија многу одамна.

Ништо ново не може да биде снимката во која Јанушев му соопштува најава во крв на Јанакиески- дека ќе удри бокс на извесна Даниела, која не ги следела упатствата на ВМРО-ДПМНЕ. Насоките на соговорниците- Јанушев -Јанакиевски јасно се однесуваат на креирање сигурни гласачки списоци за оваа партија, како предуслов за изборна победа, се разбира добиена преку тежок фалсификат, но преку отворени притисоци, закани, малтретирања на граѓаните.

Но, зошто би се вознемириле жените за таа боксерска закана? Зарем Царовска не знае дека во оваа држава никој одамна веќе не се вознемирува од насилството и заканите на ВМРО-ДПМНЕ?

Затоа што, историјата на насилства од секаков вид се повторува, боксовите на оваа партија се нејзина специјалност, особено сместувањето во ендеци, за да ги задоволи своите убиствените пориви од кои не може да се ослободи никогаш.

Партијата на Јанушев само така  можеше да опстане на власт, повеќе од една деценија, доволно време вознемирувањата да прејдат во навика, особено болна, затоа што никогаш не беа казнувани овие нивни насилства. Историјата е перфидна, таа само ги пегла и протресува за да добијат нова свежина  старите, збрчкани и мувлосани архиви, запомнети и складирани како рани, некои како лузни, но секако дека се видливи и тешко зараснати.

Тоа нивно владеење во 11 години, донесе ужасни навики да се поднесува стравот, да се носи секој со трепетот, да се голтаат притисоци, да се  помируваат со уцените, да се живее со заканите за живот, за семејството, за да може секој нов ден некако да помине, за да се заборави ако може, што се разбира и дека никогаш не се случи.

Затоа, слободно нека продолжат со изборниот слоган- Одбери обнова. Зад таа нивна Обнова стојат сите луѓе на Груевски, дури и Гордана Силјановска, секако, дури и таа, која се колне веќе втора година дека е непартиски кандидат, случаен минувач низ криминалното царство на Белата палата. Таа, идентификувајќи се со партијата, одбирајќи ја страната под кое партиско знаме застанува и во кој штаб се засолнува, ја зацeментира сопствената улога во страната на историјата на која решила да и припаѓа.

За неа тоа е вистинскиот избор- Обнова на криминалот и теророт што и не звучи така лошо за изборен слоган на оваа партија, зарем не?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.