Кога дознав дека мојот колега од Северна Македонија, Џабир Дерала, треба да ја добие престижната награда „Солидарност за новинари за Југоисточна Европа“, доживеав мешавина од емоции што ми стана сè попознато во последните две децении од познавањето и работата со него. Се гордеам; импресионирана сум; и за жал, прилично сум исплашена.
Горда сум, бидејќи бев сведок, во текот на овие години, на работата на Дерала како новинар и лидер на човековите права во првите редови на борбата против расизмот, национализмот и авторитаризмот во Северна Македонија и на Балканот. Горда сум затоа што гледав како организацијата што тој ја основа, Цивил – Центар за слобода, растеше и еволуираше од лабаво конфигурирана група уметници и активисти кои работеа на спречување војна во 1990-тите и раните 2000-ти, до она што е денес, робусна организација со искусен персонал и мрежа на волонтери посветени на (меѓу другото) следење на демократските процеси, известување и анализа на дезинформации и одржување на повеќе медиумски платформи со широк дофат. Линк