Плоштад Слобода повика на одбрана на дрвцата кај паркот до Хотел Бристол, засадени ноќеска по сечењето на дрвјата со полициски сили од пред неколку дена. Одбраната започнува денеска, во 18 часот.
На настанот, кој е повик преку социјалната мрежа Фејсбук, се покануваат граѓаните заедно со нивните деца да присуствуваат на полевање на садниците токму со пиштоли на вода.
Седум нови дрвца синоќа беа засадени кај хотелот Бристол, на местото каде што пред два дена со асистенција на полицијата беше извршена сеча на неколку децениските дрвја поради изградба на новата зграда на Советот за радиодифузија.
Дрвцата се донација на општина Центар. Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски вели дека со садењето на дрвцата ќе се покаже дека колку и да сече власта, граѓаните можат уште повеќе да садат нови дрвја.