Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната ќе се жали на осудителната пресуда за случајот „Беса Транс“

0
By Marija Todorovska on March 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбраната ќе го искористи своето право на жалба на пресудата за случајот „Беса Транс“ според која сопственикот на правното лице доби казна затвор од една година и осум месеци, изјави бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, Асмир Алиспахиќ.

Во изјава за медиуми по денешната пресуда за случајот, во кој освен сопственикот, обвинето беше и правното лице „Беса Транс“, на кое му беше изречена парична казна од 800 000 илјади денари и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз, адвокатот Алиспахиќ наведе дека смета дека казната е превисоко одмерена.

– Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки и судски пресуди од ваков вид, иако е казната предвидена од една до пет години како казна затвор, сметам дека во конкретнава ситуација е превисоко одмерена, не само во делот на постоење на кривично дело, рече тој.

Дополни дека теоријата на одбраната ќе биде презентирана и пред повисоките судови.

– Според одбраната во конкретниот кривично правен предмет, не само што не може да опстане ова кривично дело, туку не требаше ниту обвинетиот, Беким Хаџиу, и правното лице да бидат обвинети. Но, секако, се водеше постапката. Непрвосилна е преусдата. Страните имаат право на жалба и ќе ги очекуваме одлуките од нив, рече тој.

Според адвокатот Асмир Алиспахиќ, за да се исполни битието на кривичното длео „фалсификување на исправа“, овен доказен материјал, потребен е и вешт наод.

– Во мојот завршен збор тоа го анализирав и од теоретски, и од компаративна судска пракса, каде што основниот елемент за ова кривично дело е постоење на изработена лажна исправа и употребена како вистинска. Во конкретнава ситуација ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. Така што, јас сум убеден, како правник и како адвокат на Хаџиу, дека оваа пресуда не може да опстане онака како што е изречена во конкретнава ситуација, посочи тој.

Обвинителот Владимир Милошевски посочи дека ќе чекаат да биде изготвена писмената одлука на Судот, за да видат што би преземале понатаму,

– Повеќе не би сакал да ја коментирам одлуката на Судот, единствено тоа што судот го прифати во целост обвинението онакво какво што беше и ги огласи виновни обвинетиот и обвинетото правно лице, рече тој.

Неговите аргументи беа дека Министерството за транспорт и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус, ниту било поднесено барање, ниту била издадена.

– Тоа значи дека автобусот како што е напишано во обвинението, како што и Судот денеска при објава на пресудата кажа, покажувал пред надворешните управни органи извод од лиценца, а таков, за тој автобус, воопшто не бил издаден од надлежниот орган, рече обвинителот.

И адвокатот Алиспахиќ и обвинителот Милошевски, потсетија дека овој процес не се однесува на автобуската несреќа што се случи со конкретнитот автобус во Бугарија.

Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

Во ноември 2021 година на автопатот „Струма“, во Бугарија во автобуска несреќа на автобус на туристичката агенција „Беса транс“ загинаа 45 лица.

За несреќата истрага се водеше во Бугарија. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка.

Автобусот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Согласно вештачењето, возачот во моментот на ударот возел со 108 километри на час, на место каде максимална дозволена брзина била 90 километри на час. Како што се наведува во анализите на инспекторите, пламените јазици автобусот го зафатиле за неколку минути.

По несреќата, македонските истражни органи отворија истрага, но само за работењето на правното лице „Беса транс“. 

„Беса транс“ одбарана пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.