Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одговорност за сите подеднакво, но без политика и популизам

0
By Менче Атанасова Точи on November 18, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зарем мора се во оваа држава да се исполитизира? Што е важно на која политичка опција припаѓа сопственикот на фирмата која ги извезувала краставичките со прекумерно ниво на пестициди во Хрватска?

Секој треба да понесе одговорност за таква работа и тука нема исклучок, човечкото здравје нема цена. Од тие краставици ќе јадат подеднакво сите граѓани без разлика на која партија припаѓаат, кога Подравка ќе ги врати теглите со кисели краставички назад во државата.

Зошто се инволвира политиката тогаш? Добро е да се стави ред на работите и тоа е за поздравување. Но, ние не видовме дека надлежните серозно размислуваат да стават ред во тој домен. Како тогаш да ги сфатиме нивните потези? Требаше да помине цела недела за да смислат стратегија како и кога ќе настапат, за потоа спектакуларно да ни соопштат дека фирмата на семејството на Зеав го труе народот. Таа е наводно фирмата која го унишува имиџот на оваа држава, се друго е во ред. Зошто не слушнавме кој е сопственикот на фирмата од Богданци чие грозје беше вратено од маркетите во Франција бидејќи било полно со пестициди и инсектициди, на пример?

Но, да не се разбереме погрешно, поентата воопшто не ми е да го бранам Заев и затоа не навлегувам во деталите. Поентата има многу поголема длабочина. Неговата одговорност поради наводно, фирмата на неговиот братучед е друга приказна. Всушност од неговата доблест зависи и неговата вистинска одговорност.

Од европските пазари со години наназад се враќаат македонски производи полни со пестициди, инсектициди, салмонела. Никој за тоа досега не ги известил македонските граѓани , не знаеме за кои фирми се работи, што се случило со тие производи, дали се испитувале тука на домашниот пазар? Што всушност ние јадеме? Што правеле одговорните од Агенцијата за храна, истите тие кои треба да вршат контрола за да имаме безбедна храна?

Овојпат, епилогот е високата казна по џепот на фирмата, како предупредување на останатите производители. Но, како да се стават во ред кога нема каде да ги прават контролите, односно тие што ги прават подлежат само на формални анализи.

По редот на нештата, прво треба да се санкционира државата бидејќи фирмите нема каде да ги прават анализите, нема соодветна лабораторија во која ќе се испитуваат пестицидите кои сега се употребуваат. Двете лаборатории кои се декларираат дека вршат вакви испитувања, прават анализи на пестициди кои се одамна застарени и исфрлени од употреба, како што е пестицидот„ди-ди-ти“ на пример.

Од друга стана, ниту земјите кои увезуваат во Македонија не се должни да внесуваат безбедна храна бидејќи тука нема правила, не се почитуваат стандардите.

Македонија е сива зона. Земја која има стандарди за безбедност на храната, но не се почитуваат, има лаборатории, ама во нив не се прават соодветни анализи. До кога вака?

Резултатот од несериозноста на ова поле го гледаме со илјадници болни од рак, деца со аутизам, луѓе со нарушено здравје. Што ќе биде во иднина, само може да се претпоставува. Секако, ургентно и сериозно треба да се работи на ова поле, но без популизам и политизирање на работите. Одоворност за сите подеднакво.

На крајот на краиштата сите ние јадеме иста храна, овошје и зеленчук кои сеуште личат на природни, но се затрупани со пестициди. Проблем кој од поодамна како шило ја боди нашата реалност и не засега сите нас подеднакво.

Но, доколку на работите се гледа вака како сега, низ призмата на политиката и зголемување на сопствениот рејтинг на сметка на граѓаните, никогаш нема да излеземе од сопственото слепило. Затоа време е да се стори нешто, за нас, за нашите деца, внуци, за идните генерации бидејќи за оние што заболеа и заминаа од овој свет е веќе доцна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.