Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложена дискусијата за Македонија во ЕУ

0
By Нова ТВ on November 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојаните претставници  на земјите членки во Европската унија расправата за преговарачката рамка за Северна Македонија ја одложија за в петок, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел.

Имено, КОРЕПЕР, како што скратено се нарекува Kомитетот на амбасадори на земјите членки на унијата кој вообичаено ги подготвува одлуките за министрите, требаше денеска да расправа за можноста за отворање на пристапните преговори со земјава. Меѓутоа одлуката за одложување, како што се дознава, е донесена за да се овозможи простор за дипломатски напори кои се водат на релација Берлин-Софија за да се убеди бугарската страна да не го блокира отворањето на преговорите со Скопје.

Петок е последниот ден до кој би требало да се приближат ставовите, бидејќи министрите треба да се состанат наредниот вторник, десетти ноември и тогаш би требало формално да се усвои политичката одлука за отворање на пристапните преговори со земјава со тоа што меѓународната конференција би се одржала во декември, во рамки на германското претседавање со унијата.

Став на Владата е дека нема потреба од нов договор или од анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, бидејќи земјата го почитува договорот од 2017 година и останува на ставот дека тој е одлична рамка и нуди инструменти за да се менаџираат прашања за кои официјална Софија има некаква загриженост.

„Подготвени сме да прифатиме објаснувања во оваа насока и би упатиле апел и би го осудиле говорот на омраза во двете земји и сакаме да ги повикаме сите чинители да го поддржат овој апел и заедно да спречиме нов наплив на омраза во кој било правец, што би влијаело на какво било начин, дали на преговарачите или на Комисијата што се занимава со историските прашања“, рече денес портпаролот Душко Арсовски, додавајќи дека дилемите за историските прашања треба да ги разрешат експертите од двете држави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.