Одложена денешната расправа за оданочување на банкарските депозити во Кипар.
Кипарскиот парламент ја одложи денешната расправа за утре.
Доколку утре се усвои предлогот, штедачите ќе треба да плаќаат 10 % данок на нивните депозити со цел земјата да добие помош од 10 милијарди долари од меѓународната заедница за да се спречи банкрот на Кипар.
Кипарските жителите го нарекоа предлогот легална кражба, и не се согласуваат со негово имплементирање.
Според претседателот Никос Анастасиадес ова е трагичен момент за Кипар, но народот мора да ги прифати наведените мерки, во спротивно, последиците би биле катастрофални за земјата.