Одбраната на синот на македонскиот функционер од политичкиот врв за кој македонските медиуми објавија дека станува збор за Филип Вељановски, син на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, денеска во судот во Кукуш побарала одложување на рочиштето. Ова го соопшти адвокатот Јаковос Псомијадис од канцеларијата која го застапува Вељановски, а во моментов се очекува судот да закаже ново рочиште.
20-годишниот Филип Велјановски беше уапсен кога грчката гранична полиција кај него откри половина грам кокаин, три таблети екстази и нож. Според пишувањата на грчките медиуми, тој пред судот се бранел дека дрогата му била за лична употреба и дека не знаел оти за ножот кој го носел му била потреба дозвола. Ова се случи пред првомајските празници, а тој беше пуштен да се врати во Македонија и да се брани од слобода.