Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одлуката на Иванов е дополнителен ризик за стабилноста на земјата

0
By Светлана Јовановска on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел овој пат е сериозно загрижен за стабилноста на Македонија но ЕУ не може без помош на партиите да ја врати Македонија на демократскиот пат бидејќи земјата не е протекторат. Од лидерите на политичките партии Брисел очекува одговорност и враќање на преговарачката маса а помош за да се седнe на маса треба да даде Делегацијата на Европската комисија во Скопје.

Ова е суштината на европската позиција за Македонија по вчерашната одлука на претседателот Иванов за аболиција. Претставниците на ЕК во Македонија очекуваат објаснување од Иванов и уверени се дека шефот на државата одлуката ја донел сам.

Во меѓувреме комесарот Хан е во Стразбург каде што одржа итна средба со тројцата европски пратеници – Ховит, Кукан и Вајгл. Средба на која ја анализирале новонастанатата состојба во Македонија.

Делегацијата на ЕК во Скопје добила задача да открие што стои зад одлуката на Иванов, дали тој ја донел сам и без консултации со другите партии како што тој самиот изјави.

Тројцата пратеници сметаат дека одлуката на Иванов го поткопува владеењето на правото и е голем и дополнителен ризик за стабилноста на земјата.

Според извори во ЕК, забрзано се бара начин за да се вратат лидерите на преговори а тројцата пратеници се подготвени во секое време да дојдат во Македонија и да помогнат. Засега таква најава нема од комесарот Хан.

Портпаролката на комесарот Јоханес Хан денес изјави:

“Комесарот ги повика сите партии да се вратат на преговарачката маса и да продолжат со реформите. Договорот создаде пат кој сите треба да го следат и мора да има примена на сето што беше преговорано и договорено од сите. Важно е сите партии да работат заедно”, рече Маја Коцијанчиќ.

Таа инсистираше дека Делегацијата на ЕК е многу активна, многу присутна и многу ангажирана и во Скопје и во Брисел. “Се трудиме да ги поддржиме сите напори како договорот од Пржино. Но ние не можеме се да направиме сами. Затоа велам дека е тоа е пред се одговорност на лидерите на политичките партии и тоа е во интерес на граѓаните”.

Таа потсети на вчерашната изјава од ЕК во која се вели дека Македонија се обврза на промовирање на владеење на правото и борба против неказнивоста. Спротивно на ова, одлуката на претседателот Иванов за амнестија на бројни функционери предизвикува сериозна загриженост. Таа се случува во време кога сите партии треба да бараат начин за заштита на Договорот од Пржино, се вели во реакцијата од Европската  унија.

– Ги повикуваме сите страни да избегнат постапки кои ги доведуваат во ризик и ги поткопуваат повеќегодишните напори во земјата и со поддршка од меѓународната заедница да го зајакнат владеењето на правото, се вели натаму во реакцијата.

Воедно се истакнува дека е „важно да се поддржи работата на Специјалната обвинителка и нејзиниот тим избрани од Парламентот како дел од Договорот од Пржино, да продолжат со истрага на сериозните прашања што беа покренати минатата година.

Од еднаква важност е да се подготват кредибилни избори и да се одржи земјата на евроатлантскиот пат. А за таа цел партиите мораат да продолжат со дијалог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.