Група млади уметници решила да си поигра и да реализира мала пародија, во форма на музичка комедија, која за тема го има речиси компулсивното однесување на членовите на социјалните мрежи. Резултатот на трудот на овие уметници е изненадувачки и покажува дека тоа е направено професионално.
Фејсбук, социјалната мрежа број еден, е претворена во вистински затвор за некои негови корисници кои го минуваат своето време сурфајќи, ги гледаат статусите на другите или пак шпионираат луѓе што не ги знаат.
Бројот на зависници од социјалната мрежа постојано расте така што од другата страна на Атлантикот се креираат вистински заедници кои организираат денови без Фејсбук за да и се помогне на публиката да се одмори од мрежата.