Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Северна Македонија

0
By Marija Todorovska on July 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На тројцата инженери од Крушик од Ваљево осомничени за кривичното дело шпионажа за фирма од Северна Македонија им е одреден притвор до 30 дена, по вчерашниот повеќечасовен распит во Вишото јавно обвинителство во Ваљево.

Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во воената холдинг компанија „Крушик“ од Ваљево обвинети дека неовластено изнесувале доверливи податоци и деловно-техничка документација од „Крушик“ и истите ги доставувале на фирма од Северна Македонија, на штета на „безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и за слабеење на моќта на Србија“.

Еден од тројцата осомничени се бранел со молчење.

Во понеделникот во заедничка акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Северна Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

Вчера за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека Северна Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот.

-Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Северна Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.

Според Новости и Спутник Србија при претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушик“, како и Д.Л и М.О., хонорарано ангажирани инженери, сите тројца од Ваљево, пронајдена е украдена документација со ознака: „Одбрана – службена тајна – доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, запленети се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени се докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погони во Скопје и Катар, која официјално ги снабдува турските и катарските вооружени сили со муниција од мал калибар и опрема за балистичка заштита.

Соред пензионираниот генерал-мајор Милорад Ступар, основач и прв командант на 72-та специјална бригада на Војската на Србија, „шпионската група била заинтересирана за кражба на технологии не само за производство на минофрлачки проектили од 60 до 120 милиметри, туку и за артилериска муниција од 155 милиметри и за ракети, затоа што за овие средства има голема побарувачка во светот во кој моментално се водат околу 50 војни, а пазарните цени се и до десет пати повисоки од фабричките, поради што профитот е огромен“.

Шпионажа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.