Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oф-фест 2014: Програма со најдоброто од музиката во светот

0
By Нова ТВ on April 22, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Програмата на 13. издание на OFF-Fest е распоредена во пет богати фестивалски вечери, во кои ќе настапат состави од Етиопија, Португалија, Шпанија, Конго, Јужна Кореја, Унгарија, Словенија, Хрватска и Македонија, а ќе биде прикажан и еден музички документарец.

Годинешното издание на OFF-Fest, што ќе се одржи од 30.мај до 5.јуни во Скопје, а ќе стартува со настап на големиот унгарски композитор, импровизатор и виртуоз на виолината Феликс Лајко во тандем со неговиот колега и постојан соработник Антал Браснио.

На 1.јуни скопските музички зависници ќе имаат прилика првпат да ја почувствуваат во живо музиката на Етиопија, претставена од таткото на етио-џезот, легендарниот Мулату Астатке, а истата вечер ќе настапи и најжешкиот македонски лајв бенд Фолтин, со неколку специјални гости-музичари од странство: Васко Атанасовски и Марјан Станич од Словенија и Наталио Суед од Холандија.


Мулату Астатке

Проектот е резултат на соработката на три сродни интернационални музички фестивали: Druga Godba (Словенија), Music Meeting (Холандија) и OFF-Fest.

Музиката на Конго, највозбудливата африканска сцена во моментов, ќе биде претставена на 3 јуни преку харизматичниот Јупитер и неговиот бенд Оквес Интернеш’нел.


Јупитер и Оквес Интернеш’нел

Претпоследната вечер на OFF-Fest на 4 јуни, e резервирана за популарниот словенечки пејач и кант-автор Зоран Предин, придружен од хрватскиот џипси-свинг состав Дамир Кукурузович Џанго Груп, како и за јужнокореански инструменталисти и модерни традиционалисти Џемунго Фактори.


Зоран Предин и Дамир Кукурузович

OFF-Fest 2014 ќе финишира на 5 јуни, со настап на најголемата нова ѕвезда на португалското фадо Кармињо, како и со концертот на свежата фламенко атракција од Шпанија, инспиративниот женски квартет Лас Мигас.

Во рамките на OFF-Fest, ќе биде прикажан и документарниот филм „Танцот на Јупитер“,фасцинантна приказна за животот на музичарите во Конго раскажана преку едно неверојатно патување низ гетата на Киншаса.

Фестивалот годинава ќе се одвива на повеќе локации: Универзална сала, Салон на Македонската опера и балет, Кино Фросина и клубот „Станица 26“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.