Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Официјална Москва ги осуди нападите во Бостон

0
By Нова ТВ on April 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија ги осудува сите терористи, без оглед на нивната националност, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, откако американската полиција уби еден од осомничените за бомбашкиот напад а трага по неговиот брат за кои се тврди дека некогаш живееле во Русија.

Убиениот 26-годишен Тамуран Царнаев и неговиот брат кој е во бегство Џохар, според американските медиуми се етнички Чеченци живееле во немирната кавкаска руска република Дагестан пред повеќе од десет години, а се доселиле во градот Махачкала од поранешната советска република Киргистан.

„Путин веќе неколку пати изјави дека не постојат наши и нечии туѓи терористи…, меѓу нив не може да се прави разлика, со едните да се соработува а другите да се осудуваат. Сите заслужуваат ист пристап, ист вид реакција”, изјави Дмитриј Песков во Сочи, каде што рускиот претседател Владимир Путин имаше средба со египетскиот колега Мохамед Морс.

Песков додал дека руските власти очекуваат официјална информација од САД за убиениот маж и неговиот брат кој е во бегство. Меѓутоа, извори од руската дипломатија за агенцијата РИА Новости изјавиле дека Вашингтон не се обратил за каква и да е соработка со Москва во истрагата. Во меѓувреме американската телевизиска мрежа CBS објави дека Џохар Царнаев добил американско државјанство на 11-ти септември 2012 година/

Американските разузнавачки агенции во меѓувреме продолжуваат со операцијата за апсење на 19-годишниот Џохар Царнаев, осомничен за инволвираност во бомбашките напади за време на меѓународниот маратон во Бостон. Во областа каде што наводниот терорист може да крие, патролираат полициски оклопни возила, полициски автомобили и возила на брзата помош.

Полицијата укажува дека Царнаев, чиј постар брат беше фатално застрелан за време на апсењето во кампусот на Масачусетскиот технолошки институт MIT и почина во болница, може да е вооружен со автоматско оружје и експлозивни направи. Американскиот претседател Барак Обама редовно добива информации за моменталниот статус на операцијата.

Бостонската полиција преку својот профил на Twitter порача дека потрагата по Џохар Царнаев продолжува и сега.

„Трагањето по 19-годишниот Џохар Царнаев продолжува. Осомничениот е вооружен и многу опасен”, се вели во соопштението.

Американската полиција при спроведување на операцијата на апсењето на Џохар Царнаев блокираа една од приградските бостонски населби Ватертаун, каде што според телевизијата CNN во моментов има силна концентрација на полицијата, инженерски единици и агенти на американското федерално истражно биро FBI.

Како што пишува британскиот весник Daily Mail, пред една година, семејството Царнаеви веќе било во интересот на правосудните органи во САД. Така, според весникот, мајката на браќата Царнаеви минатата година е уапсена за наводно крадење облека во износ од 1.600 долари, кога на 13-ти јуни 2012 година била уапсена 45-годишната Зубејдат К. Царнаева , која е регистирана дека живее на иста адреса со осомничените, бидејќи украла облека од бутикот за брендот „Lord & Taylor”.

Исто така, таа била обвинета за намерно оштетување на туѓ имот. Дали предметот стигнал до судот, меѓутоа, не се наведува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.