Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Офицерскиот дом во Битола ги отвора вратите за посетителите

0
By НОВА ТВ on November 3, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Офицерскиот Дом во Битола, што скоро една деценија беше затворен и неупотреблив, вечер повторно ги отвора вратите за уметниците и публиката, за гости и туристи, за љубопитни и инспиративни посетители.

За Офицерскиот Дом во Битола пишувале хроничари, аналитичари, историчари, поети и писатели, новинари и фоторепортери, и затоа богата е историографијата на овој репрезентативен објект, палата, непроценливо архитектонско здание, старо повеќе од 1 век.

Темелите на Офицерскиот дом во Битола се поставени во 1909 година, и според тогашниот обичај „Давање Курбан“ од страна на Абдул Керим Паша, ктитор на објектот.

Офицерскиот дом има визба, приземје, кат и галерија, а за ликот на објектот најголемо влијание имале архитекти од Австрија и Италија кои граделе со поддршка на познати мајстори од селото Смилево. Зградата на Офицерскиот дом е поставена на површина од над 600 квадратни метри и ја опкружува прекрасен парк која денес се именува како двор со површина од 18.532 метри квадратни. Според тогашниот план во непосредна близина на Офицерскиот дом кој се наоѓа на Широк Сокак, на северната страна изградена е чешма која годинава беше возобновена.

Според хронологијата на сопствеништво Офицерскиот Дом во Битола често ги менува сопствениците и името. Во 1932 година Офицерскиот Дом е впишан како имот на Министерството за Морнарица, а во 1972 година преминува во сопственост на Државната служба за народна одбрана, односно ДСНО-Белград. Во 1976 година се врши промена на дејноста со можност за реализација на културни дејности, а сопственик станува Секретаријатот за народна одбрана во Белград. На 5 декември 1977 година Завод за заштита на споменците на културата, природните реткости и музеј – Битола носи Решение со кое се утврдува својството на споменик на културата на Домот на ЈНА во Битола. Во тој период високите воени функционери, офицери…организирале забави, од тоа време датира и познатиот „Син Бал“, но и други културно забавни настани за „привилегираните“ кои биле чести гости во Офицерски.

Првиот официјален документ поврзан со сопствеништвото и заштитата на Офицерскиот Дом во Битола или само Офицерски, се донесува во 1993 година кога објектот се заведува како Државна сопственост на Република Македонија, а корисник Министерство за одбрана, подрачна единица во Битола. Во 2013 година со одлука на Владата на Република Македонија, Офицерскиот дом повторно се става во функција на општина Битола како корисник, а паркот се внесува како двор. Во меѓувреме, владината одлука со нова одлука престанува да важи, а на 15 март 2016 година, повторно со одлука на Владата објектот се дава во сопственост на општина Битола. Таа одлука важи и денес.

На иницијатива на Општина Битола и на барање на градоначалничката Наташа Петровска за враќање на сјајот на овој велелепен објект, овој архитектонски бисер кој се реконструираше четири години, конечно токму вечер ги отвора своите врати. На денот на празникот на градот ќе биде доделено највисокото општинско признание, наградата за животно дело „4 Ноември“ која годинава му припадна на доајенот на македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.