Едно лице е повредено во сообраќајна незгода што синоќа се случила на регионалниот пат Охрид – Струга, во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Во несреќата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, учествувале патнички моторни возила „Пежо 306“ со битолски регистерски таблички и „Даеву“ со охридски ознаки.
До незгодата дошло кога возилото марка „Даеву“ се вклучувало на регионалниот пат, при што наишло и се судрило со „Пежото“ со предната лева страна директно во предната десна страна од „Даевуто“.
Возачот на „Пежото здобил со тешко телесни повреди по телото, поради што е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде е задржан на натамошно лекување.
На место на несреќата увид направија истражен судија и полициски екипи од СВР Охрид.