Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридски апсурд во Карпош 5: Граѓаните гневни, институциите креваат раменици

0
By Нова ТВ on July 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2019 19:03

Инвеститори сакаат да градат зграда на едно земјиште кое во исто време е во сопственост на државата, но и на приватни сопственици. На истото тоа земјиште веќе има зграда во која со децении живеат трети луѓе. Ова звучи како кратко сценарио на некој американски филм во кој главните протагонисти се борат со државата и со капиталистите, но сепак е само македонски апсурд за кој се информирани малкумина. Станарите кои веќе живеат во изградената зграда се обратија до нашата редакција, раскажувајќи ни ја нивната правна голгота која се уште нема разврска.

Населбата на излезот од Охрид кон плажите, популарно е наречена Карпош 5, бидејќи мнозинството од становите во тие згради се во сопственост на скопјани, кои ги користат единствено преку лето.

Во кратки црти, пред да се изградат зградите, на тоа место имало бавчи кои припаѓале на приватни лица, кои со одлука на тогашното југословенско раководство биле експроприрани, за што тие добиле соодветен материјален надоместок.

Откако на тоа место веќе биле изградени и вселени згради, едно од семејствата чие земјиште било експропирано, во 1997 година решило да ја тужи државата за да добие дополнителен надоместок, бидејќи сметале дека првично за време на Југославија не добиле доволно.

Судскиот спор траел со години, и додека се уште не била донесена Пресуда, семејството во 2003 година поднело барање до Министерството за транспорт и врски да им ја врати парцелата, што веднаш и се остварило – тие ја добиле парцелата назад во своја сопственост иако на тоа место веќе има изградено зграда во која живеат сопственици на становите.

 

Во меѓувреме, во 2015 година, Судот им ја уважува Тужбата и им пресудува обештетување за истата таа парцела во износ од околу 60 илјади евра, со што државата повторно го откупува земјиштето каде се изградени зградите.

Белинда Андоновска која има стан во една од зградите вели дека сето ова се случувало позади грбот на станарите.

– Ние мислевме дека со тоа што сме купиле станови кои се изградение за време на Југославија, сме направиле паметен и сигурен избор – резигнирано вели Андоновска.

Правната голгота на станарите кои имаат купено станови во зградите на ова спорно земјиште, ги одвела до портите на Државното правобранителство, Владата, Министерството за транспорт и врски, кои ја предлагаат истата правна поука, а таа е Општина Охрид да го прогласи за ништовно Решението со кое парцелата им се вратила во сопственост на семејството од кое била експроприрана во време на Југославија.

 

 

 

– Имајќи предвид дека во членот 112 став 1 од Законот за градежно земјиште меѓу другото е определено дека сите правосилно завршени предмети по кои се преземени вонредни правни лекови и се води повторена постапка ќе се преземат од страна на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје со денот на исполнувањето на условите за вршењето на работите на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РМ согласно со овој закон, а Општина Охрид ги има исполнето условите за вршење на работите на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија и се има стекнато со правото на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, Општина Охрид има надлежност да постапува по вонредни правни лекови, односно да постапува по барања за поништување на решенијата за трансформација на правото на користење на градежно земјиште сопственост на РМ во право на сопственост по основ на поранешна сопственост донесени од Министерството за транспорт и врски – подрачно одделение Охрид – пишува во Мислењето на кое лично е потпишан премиерот Зоран Заев во октомври минатата година.

Градоначалникот на Охрид вели дека сочувствува со станарите и со сите луѓе кои се засегнати со проблемот, меѓутоа според него тие не реагирале на време кога се носел планот за градење.

– Нивната иницијатива е одбиена од Управен суд и јас сега како градоначалник немам никакви методи да инвеститор кој платил комуналии го спречувам во градба, појаснува Георгиески.

Додека институциите се самопрогласуваат за ненадлежни и си ја подаваат одговорноста едни на други, граѓаните од оваа населба велат дека нема да се откажат од тоа да ја добијат правдата и ќе продолжат упорно да се борат за логична разврска на овој случај од институциите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
ФОКУС
January 8, 2026

Париз: Франција ќе го спасува Гренланд од Трамп

ВЕСТИ January 8, 2026

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и…

Вашингтон: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни групи и организации

January 8, 2026

Минеаполис: Во анти миграциска акција брутално убиена мајка на три деца – избувнаа протести

January 8, 2026

Трамп: Се сомневам дека НАТО би бил тука за нас ако ни треба, но Америка секогаш ќе биде тука за НАТО

January 7, 2026
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.