Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридскиот договор – победа на разумот наспроти конфликтот

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го чествува Охридскиот рамковен договор, потпишан на овој ден точно пред 12 години, со што се стави крај на вооружениот конфликт и се воведоа еднакви права и рамноправна застапеност на сите етнички заедници.

“Тогаш, тоа беше победа на разумот и дијалогот наспроти конфликтот“, рече Вршителот на должност шеф на мисијата, амбасадорката Мариане Берец.

“Денеска е важен патоказ кој го обележува суштинскиот процес на интеграција на општеството и градењето вистинска мултиетничка и модерна држава“.

“Со цел да се задржи динамиката на спроведувањето на Охридскиот договор од клучно значење е активното вклучување на сите. Внимателно треба да се следи досега постигнатиот напредок, како и пречките кои допрва треба да бидат надминати,“ рече таа.

“Затоа Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поздравува и поддржува првичните чекори кои беа преземени минатата година во насока на проценка на напредокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и со нетрпение ја очекува следната фази.”

„Оваа заложба несомнено само ќе добие од поголемата вклученост на сите заедници. Се надеваме дека тоа ќе резултира со остварливи политики кои ќе бидат во насока на мултикултурниот дух на овој договор,“ додаде Берец.

Ари ван дер Пас, Виш координатор за односи меѓу заедниците во Мисијата на ОБСЕ, рече: “Ние би сакале да ја повториме нашата целосна поддршка за спроведување на овој клучен процес кој оваа земја и луѓето кои живеат тука го започнаа пред 12 години. Ги повикуваме сите заедници да обезбедат здрава основа за неговата имплементација и во втората декада.“

Тој ја истакна важноста од подготвување на младите генерации за интегрирана иднина во мултиетничка Европа: „Ако децата научат за богатството кое го нуди различноста и научат меѓусебно да се почитуваат, придобивките од Охридскиот договор ќе бидат зацементирани”, рече тој, додавајќи дека Мисијата на ОБСЕ на Скопје со нетрпение очекува похрабри чекори во една од најзначајните области, образованието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.