Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Охридско лето“ на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација

0
By Нова ТВ on June 7, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот „Охридско лето“, како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација во Македонија, изминатите денови беше презентиран пред Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што заседаваше во чешкиот град Острава.

Претседателот на УО на „Охридско лето“, Зоран Вељаноски Летра, престојот во Острава го искористи да оствари средби со претседателот на ЕФА Дарко Брлек, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата, на кои им врачи и официјални покани да бидат гости на претстојното 55-то јубилејно издание на „Охридско лето“.

– Во рамките на ЕФА работилниците стана збор и за фестивалите и културната соработка во Европа како и за спонзорства и комуникации во рамки на успешно реализирање на фестивали.На двете работилници имав кратко излагање за Фестивалот Охридско лето и го пренесов нашето искуство во оваа тематика, изјави Вељаноски.

Тој истакна дека програмата на годинешното фестивалско издание, што изобилува со звучни имиња од светската музичка и сценска уметност, предизвикале воодушевување кај првите луѓе на ЕФА.

– Навистина беа изненадени од она што го имаме на фестивалската сцена оваа година, посебно од концертот за свеченото отворање, изведбата на едно од најмаркантните музички дела на дваесеттиот век, – сценската кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Воодушевени беа од тоа што овој грандиозен мултимедијален проект се реализира од страна на продукциската куќа „Ла Фура Делс Баус“, кој го оценуваат како најголем спектакл во моментов во Европа, вели Летра.

На годинешново Генерално собрание на ЕФА учествуваа 123 делегати од триесетина земји во светот. Следната година овој голем собир на најзначајните културни здруженија ќе се одржи во Вроцлав, Полска, европски град на културата за 2016 година.

Првиот човек на УО на „Охридско лето“ присуствуваше на најголемиот настан во Острава – Фестивалот „Јаначек Мај“ што исто така оваа година одбележува голем јубилеј – 40 години постоење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.