Охриѓанец на возраст од 30 години починал денеска од убод од стршлен. Несреќата се случила над селото Врбјани каде Б.Ј бил на сеча на дрвја и несакано погодил осилиште.
Веднаш била повикана итна медицинска помош од Кичево, но кога пристигнале само констатирале смрт.
Полициски екипи извршиле увид на лице место.