НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу што се согласни Заев и Груевски

0
By Нова ТВ on June 1, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Ѓорѓи Спасов

Според зборовите на Иво Вајгл, по средбата на Заев и Груевски во Стразбург, станало јасно дека дека„ двете страни се согласиле околу некои прашања но, останале на своите дијаметрално спротиставени становишта“.

Ова преведено на македонски јазик, и од она што јавно го соопшуваат Заев и Груевски, би можело да значи:

Прво: Двете страни се согласиле дека во Македонија постои политичка криза, која треба да биде разрешена.

Но, Груевски смета дека за кризата е виновна опозицијата, која не ги признава резултатите од „регуларните и фер“ избори, го бојкотира Собранието на Македонија, која во соработка со странски служби обезбедила прислушувани материјали и тие нелегално набавени материјали селективно, креирани, сечени и лепени ги објавува, со што и нанесува штета на земјата. Таа заради својата безидејност се обидува преку „државен удар“ односно без избори да дојде на власт.

Заев пак смета дека за кризата е виновна владата. Таа според него победуваше на изборите со грубо злоупотребување на власта, со фалсификати, и заплашувања на опозиционото гласачко тело и заради тоа не може да се смета за легитимна. За тоа постојат бројни докази од прислушуваните разговори до кои дојде опозицијата.

Владата го организирала најмасовното прислушување на телефони во историјата на Македонија (што значи и на изборните штабови на опозицијата) и ги прекршила човековите права и слободи. Владата и Груевски лично се вовлечени во големи корупциски скандали , но заради партизираноста на судството и обвинителствата тие остануваат неказнети, а државните институции немаат капацитет да се справат со кризата.

Сето тоа заедно со настаните од Куманово може да доведе до натамошна дестабилизација на земјата и на регионот. Македонија има парламент без опозиција, претседател на држава без поддршка од најголемата партија на Албанците, судство без доверба и медиуми без слобода.
Второ. Двете страни се во принцип согласни дека треба да се направат промени во владата и дека треба да бидат организирани предвремени парламентарни избори.

Но, Груевски смета дека со оставките на двајца министри и на директорот на УБК веќе се направени такви промени, а дека максимум што може да прифати е некоја дополнителна реконструкција на сегашната влада на чие чело би останал тој , бидејќи оваа влада била избрана од народот и има легитимитет, кој не можел никој да и го одземе освен народот.

Заев пак смета, оставките на променија ништо во сегашната влада, дека основен услов за надминување на кризата е оставка од страна на премиерот, и формирање преодна влада, составена од експерти или прифатливи личности од сите четири парламентрани партии, кои ќе добијат јасен мандат за подготвување услови за одржување на фер избори.

Тоа значи најмалку ставање под јавна контрола на министерот за финансии, и министерот на полицијата, со што треба да се оневозможи купување на изборите од страна на Груевски, корумпирање на приватните телевизии и со што треба да спречи полициско заплашување на опозиционите избирачи пред и за време на изборите.

Истовремено опозицијата бара именување на незвисен јавен обвинител кој ќе ги процесуира и обвинувањата против Груевски и неговите министри како и нов директор на МРТВ кој ќе и обезбеди рамноправен третман на опозицијата во информативните програми на јавниот радиодифузен сервис. Без такви промени нема гаранција за фер избори.

И трето. Двете страни во принцип не ја отфрлаат идејата за предвремени парламентарни избори.

Но, Груевски смета дека со било каква влада, предвремените избори треба да се одржат што е можно побргу, додека трае неговата кампања „Македонија вработува“ и додека уште се чуствува ефектот од секојдневните вработувања во администрацијата, поделените пари за субвенции на земјоделците, а приватните медиуми ќе ги имаат парите од најновите кампањи на владата кои во овој момент се делат. Тој веројатно би се согласил да оди на избори и со преодна влада составена без учество на ВМРО ДПМНЕ , но под услов изборите да се одржат веднаш.

А Заев пак, смета дека на итни предвремени избори опозицијата не треба да учествува. Тој бара преодната влада да има мандат да го спроведе пописот, да се исчисти избирачкиот список да се донесат промени во изборниот закон со консенсус, во периодот на траењето на таа влада да се одвои партијата од државата, и да се обезбедат другите услови за фер изборен натпревар за да не може никој да го оспорува резултатот од изборите.

Овие јавно познати становишта на двете страни се толку дијаметрално спротиставени што ретко кој би можел да верува дека со една посета на Хан би можеле да се приближат.

Може лесно да ни се случи утре Хан, во улога на Медијатор кој не дава предлози или решенија, како што тоа го прави Метју Нимиц веќе 20 години, да побара предлози од двете страни за разрешување на кризата и како Вајгл, само уште еднаш да констатира дека становиштата се дијаметрално спротиставени.

Со тоа, ЕУ ,колку и да се заканува со одземањето на препораката за започнување на разговори со ЕУ, и со укинување на европските фондови само ќе го охрабри и засили авторитарниот режим на Груевски. Нејзиниот авторитет во Македононија ќе падне на уште пониско ниво.

Овој режим, како што заблежуваат некои аналитичари, ја помина безбедно фазата на првичниот гнев од бомбите, ги издржа без проблем мирните протести на граѓаните за Македонија, не покажува интерес да дознае што вистина се случи во Куманово и зошто загинаа толку луѓе, и како да почна да ужива во рок концертите и диско журките што ги организираат камперите од опозицијата пред владата.

Останува да се надеваме дека Карл Билд е во право кога вели дека сепак на кризата во Македонија ќе треба да и се пристапи сериозно со инструментите на познатата превентивна дипломатија, кои беа користени во 2001. година. И тогаш, како и сега, една респективна политичка сила(Албанците) сметаше дека е изложена на дискриминација и бараше промени за да биде заштитена.

Ако тогаш стануваше збор за етничка заедница, сега станува збор за голема политичка заедница, од 300-400 илјади граѓани, која се чуствува политички дискриминирано и онеправдана од авторитарниот режим на Груевски.

ЕУ, но и САД имаат должност од владата и од парламентраното мнозинство, на земја кој е кандидат за членство (во НАТО и во ЕУ) и која троши милиони евра од фондовите на ЕУ и помош од УСАИД, за развој на демократијата да бараат да го спречат сегашниот модел на политичката дискриминација, врз основа на барањата од страна на дискриминараната политичка задедница.

Тие барања(се содржани во сите извештаи за напредокот на Македонија кон ЕУ и во сите извешати на Стејт департментот на САД) и се сведуваат на основните барања на опозицијата:

1. Да се оневозможи со злоуопотреба на буџетот да се купуваат изборите и приватните медиуми.

2. Да се оневозможи преку злоупотреба на полицијата да се заплашуваат опозиционите избирачи.

3. Да се овозможи рамноправен третман на опозицијата во информативните програми на јавниот сервис.

4. Да се спроведе попис на наслението и прочисти избирачкиот список.

5. Изборите да ги спроведува преодна влада која ќе има доволно време да ги онезвоможи злоупотребите на власта пред одржувањето на изборите.

Станува апсурдно, за нешта на кои инсистираат ЕУ, САД и НАТО (во сите свои извешати), а кои треба да ги исполни владата на Македонија, да се водат преговори меѓу власта и опозицијата во Македонија.

Превентивната дипломатија во вакви случи треба да спречи да се радикализира состојбата во земјата и да не биде среќна со фактот што „ете,за сега, ситуацијата е мирна и што освен во Куманово, нема жртви од судирите меѓу власта и опозицијата“.

За сега само привзаници на власта тепаат некои опозициони политичари и новинари, палат коли и џипови на опозиционери, им носат погребални венци пред вратите на опозицинерите, а новинарите блиски до власта се закануваат со бетонски плочи кои треба да ги покријат под земја опозиционерите . „Што ако за почеток тоа почне да им се случува и на приврзаници на власта. Ќе има ли крај и што ќе ни се после избори?

Ѓорѓи Спасов е екс-министер за правда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.