Францускиот претседател на израелските претставници им соопшти дека неговата земја нема да дозволи нуклеарно-вооружен Иран, бидејќи таквата ситуација би претставувала закана како за Израел така и за регионот.
„Немаме ништо против Иран или неговиот народ, но не можеме да дозволиме тој да биде закана за Израел и другите од регионот“, изјавил Оланд. „Ќе стоиме до нашите црвени линии додека не бидеме сигурни дека Иран дефинитивно се откажува од неговата воена програма“.
За иднината на Палестина, Оланд пред пратениците изјави дека Ерусалим мора да биде главниот центар и за Израел и за идната држава на Палестина.
– Позицијата на Франција е добро позната: компромис, помеѓу државата Израел и државата Палестина да и за двете државни Ерусалим биде главниот град, коегзистирајќи во мир и безбедност, рече тој.