Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оланд се договори со Полска за привремените работници

0
By Нова ТВ on November 30, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот навечер во Варшава постигнал договор со полскиот премиер Доналд Туск за привремените работници, откако на самитот во Вилнус ја продолжил својата офанзива на шармирање на истокот од Европа, но дал и остри изјави на сметка на Украина.

Франција смета дека европската директива која треба да ги подобри условите за работ ана работниците кои се на привремена работа во некои од европските земји е недоволна, оценувајќи дека не ги спречува измамите и злоупотребите.

Париз презема чекори за зајакнување на своето законодавство и изгледа дека европските министри за труд веќе постигнале договор и го заостриле текстот за следната седмица.

-Разговаравме, а нашите министри за труд (францускиот Мишел Сапен и полскиот Анджеј Косиниак-Камиж) редовно контактираат за да се договорат за спроведувањето на таа директива и да ги спречат измамите и злоупотребите, изјави Оланд на заедничката прес-конференција со Туск.

Францускиот претседател сакал за таа тема да разговара со полскиот колега, без да потсетува на случајот на ткн „полски водоинсталатер” кој во 2005 година ги затегна односите меѓу двете земји.

За Оланд таа тема е значајна бидејќи крајната десница Националниот фронт ја постави како свој приоритет пред одржувањето на европските избори кои се распишани за мај следната година, а веќе на делумни предвремени избори убедливо ги победи социјалистите на Оланд и го зголемува својот рејтинг меѓу француските избирачи.

И полскиот премиер Доналд Туск изрази подготвеност за изнаоѓање заеднички став, истакнувајќи дека „нашите две земји испраќаат голем број работници во странство”. Но оцени и дека е „важно да се нема предрасуди” во врска со тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.