Олимпискиот факел го помина патот долг 65.000 километри и пристигна во Сочи, што е најдолга рута во историјата на игрите.
Свечен пречек беше организиран на плоштадот во Сочи каде се собраа неколку иљади луѓе, прв кој го носеше факелот во Сочи беше поранешниот одбојкарски репрезентативец на Советскиот Сојуз и освојувач на златен Oлимписки медал Владимир Кондра.
На подрачјето на Сочи факелот ќе биде во Лазаревска, Адлерска и Централниот кварт, а вкупната должина која ќе ја мине штафетата изнесува 44,3 километри.
Олимпискиот факел на патот до Сочи мина низ Северниот пол, беше спуштен во Бајкалското езеро, го надлета највисокиот вулкан на светот на полуостровот Камчатка и беше во вселената.